Најдобриот македонски кајакар, Љубомир Спасиќ има 333 бода во генералниот пласман, односно 33 повеќе во однос на Словенецот Нејц Жнидарчич, додека на третото место е Душан Мачкиќ од БиХ со 248 бода.
Спасиќ заврши на деветото место на Европскиот куп кој викендов се одржа во Италија и со тоа остана прв во генералниот пласман на Европската ранг-листа. Клучна трка за македонскиот кајакар на која ќе го брани првото место на ранг листата е финалето од Европските купови во Чешка, кое ќе се одржи на 18-ти август.



