Бразилецот Хуан Фелите Алвес Рибеиро кој играше за Вардар во 2015 година и беше најдобар фудбалер во ПМФЛ, сега наместо скопските ќе ги носи тетовските црвено црни бои на најголемиот ривал на вардарци, тимот на шампионот Шкендија.
Фелипе има 31 година и ќе биде екстра засилување за Шкендија која има високи амбиции оваа сезона. Фудбалерот во Македонија дојде од бугарскиот шампионат од тимот на Цска Софија, а после Вардар имаше кратка авантура во казакстански Кајрат Алмати. Во Бразил играше за тимовите на Сао Карлос, Ориенте, Ред Бул и Санто Андре. Фелипе потпиша на две години, односно (1 + 1).



