Еден од играчите со најдолг стаж во клубот и еден од лидерите на теренот, Горан Печенковски, ја продолжи верноста и потпиша договор на една година. Плејмејкерот, кој е важна алка во ростерот на тренерот Игор Котевски, посакува најмалку повторување на резултатот од минатата сезона.

“Останувам во Бутел Скопје наредната сезона. Среќен сум тука,имаме одлична хемија во екипата, тренер со кој многу добро се разбираме и се надевам дека уште долго ќе соработуваме. Клубот го водат луѓе што го сакаат спортот и ни даваат максимална подршка. Минатата или поточно во дебитанската сезона на клубот во суперлигашкото друштво, многумина не веруваа дека ке успееме да се пласираме во плеј-оф, а ние не само што го направивме тоа, туку и изборивме пласман во Европа и бевме дел од Ф4 во Купот на Македонија. Најважно пред се, да бидеме здрави и спремни,се надевам дека ке го повториме успехот од минатата сезона, а ако ни се укаже шанса зашто да не одиме и скалило погоре”, вели Печенковски.



