На Фармата за Магариња во Мартиниќи кај Даниловград во Црна Гора е отворен Музејот на магариња, прв во регионот. Фармата со магариња претставува вистинска атракција за посетителите.
Музејот се состои од сите оние алатки кои се користат за работа, како што се лопати, приколка, самар и плугови. Сопственикот на Фармата за Магариња Дарко Савељиќ изјави за турската агенција Анадолија дека фармата, која има околу 40 магариња, ја посетиле повеќе од 56.000 луѓе



