Едно од најквалитетните репрезентативни натпреварувања е и Копа Америка каде репрезентациите од Јужна Америка се борат за престижниот трофеј. Оваа година првенството се игра во Бразил и како домаќини ,,Самбата” е прв фаворит.
Во третото коло Бразил со уверливи 5:0 дојде до триумф над Перу. Стрелци на погодиците беа Касемиро во 12 минута, Фирмино 19 минута, Евертон 32 минута, Алвез 53 минута од пенал и Вилијан во 89 минута. Во судиското продолжение Габриел Хесус нереализира удар од белата точка.



