Селекторот на Македонската ракометна репрезентација во Beach Handball, Сашо Србиноски во соработка со неговите асистенти Наум Танески и Тања Андреева во среда на 19 јуни во 13 часот во хотел “Континентал” ќе ги собере машката и женската репрезентација за почеток на подготовките во пресрет на ЕП во Полска.
Во машката репрезентација се повикани: Александар Стојановски и Дарио Алушовски (голмани), Стефан Дрогришки, Маџовски Бојан, Кузманоски Цветан, Крстаноски Христијан, Арсеновски Филип, Ивановски Мартин, Колоски Стефан и Трајковски Кристијан.
На списокот кај дамите се најдоа: Паскал Бисера (голман), Јаневска Моника, Борисовска Александра, Маркоска Теодора, Дабевска Сања, Гроздановска Симона, Митрова Драгица, Гулицоска Теодора и Граматова Пена. Поради повреди во последен момент отпаднаа и нема да можат да помогнат Томислав Јагуриновски, Милан Лазарески, Иван Димитриоски и голманката на Стружанка, Марина Митоска.



