Францускиот репрезентативец и фудбалер од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во изјава за англиските медиуми изјави дека имал убави и лоши моменти во клубот и дека е време за нов предизвик во неговата кариера. Најголем интерес за него пројавуваат Реал Мадрид и Јувентус и само времето ќе покаже за која понуда ќе се одлучи.



