Македонскиот фудбалски бисер кој настапува за истанбулскиот гигант Фенербахче оваа сезона имаше голем напредок и минутажа во турскиот клуб и ова лето се очекува да ги смени жолто-црните бои и да премине во некој европски фудбалски гигант.
Последен клуб во редот на понуди до Елиф Елмаз е Борусија Дортмунд која е силно заинтересирана за услугите на македонскиот репрезентативец од средниот ред. До Елмас има интерес и од клубови како што се Милан, Интер, Фиорентина, Наполи, Атлетико Мадрид , Севилја и многу други и само времето ќе покаже за која понуда ќе се одлучи Фенербахче да ја прифати.



