Легендарниот Здравко Чолиќ, во саботата навечер на концертот во Скопје на Градскиот стадион уште еднаш докажа зошто е број еден во регионот. Публика од сите генерации само седум месеци после неговите два концерти во СЦ “Борис Трајковски” дојде да ужива на Националната Арена “Тоше Проевски” во безвременските хитови на Здравко Чолиќ.



