Заврши Светското првенство до 20 години кое се одржа изминативе две недели во Полска, а во финалето се судрија двете големи изненадувања на Мундијалот, репрезентациите на Украина и на Јужна Кореја, каде што во полуфиналето Украина беше подобра од Италија додека Јужна Кореја ја елиминира во оваа фаза репрезентацијата на Еквадор.
Во израмнето и квалитетно финале по пресврт селекцијата на млади фудбалери на Украина ја совлада Јужна Кореја со 3:1 и за прв пат се искачуваат на светскиот трон во оваа конкуренција. Први поведоа азијците со голот од пенал на Ли Кангин кој е фудбалер на Валенсија, а напаѓачот Супријага најпрвин во 34 минута го израмна резултатот на 1:1, а истиот играч во 53 минута донесе целосен пресврт од 2:1 додека победата ја запечати Цитијашвили во 88 минута за прва нивна историска светска шампионска титула.



