Фудбалската репрезентација на Португалија победи во првото издание на Лигата на нации, откако во финалето во мечот против Холандија славеше со 1-0. Стрелец на единствениот гол на „Драгао“ беше Гонсало Гуедеш во 60.минута. Третото место им припадна на фудбалерите на Англија кои ја победија Швајцарија по изведување на пенали со 6:5.



