По завршувањето на женскиот клубски фудбал во Македонија време е за репрезентативен фудбал. Иако повеќето од клубовите завршија со тренинзи сепак грото од репрезентативките се во индивидуален тренажен процес.
Во таа насока нашиот А национален тим ќе одигра пријателски двомеч против Албанија. Првиот натпревар е на гостински терен на 13-ти јуни додека реваншот е во Охрид на 16-ти јуни од 17.00 часот на стадионот ,,Билјанини Извори”.
За овие мечеви селекторот Кирил Изов во нашиот тим ги вклучува и некои поискусни фудбалерки кои не беа во ростерот на претходните натпревари. Сега е период кога повторно се активираат и подготвуваат репрезентативките каде треба да се направи микс од искусни и млади талентирани фудбалерки кои што во догледно време ќе не претставуваат на меѓународен план.



