Италија сигурно гази во евро-квалификациите и по три средби има исто толку бодови. ,,Аѕурите” среде Атина остварија лесен триумф над Грција со резултат од 0:3. Победникот беше решен по само првото полувреме.
Гостите веќе на пауза имаа предност од 0:3 резултат кој остана непроменет на семафорот и по второто одиграно полувреме. Стрелци во победничкиот табор беа Бареља во 23 минута, Инсиње во 30. минута и конечните 0:3 ги постави Бонучи во 33 минута.



