Каваи Ленард постигна 36 поени, 12 скокови , 2 асистенции и 4 украдени топки во третата победа на Торонто кој поведе со 3:1 во финалето во НБА.
Во плеј-офот оваа година тој има просек од 30,9 поени, 9,0 скока, 4,0 асистенции и 1,5 украдени топки. За Ленард тоа беше четиринаесетти натпревар од плеј-офот оваа сезона, во кој постигна најмалку 30 поени и се најде рамо до рамо со Коби Брајанат и Леброн Џејмс.



