Николче Мицевски човекот кој е задолжен за прекрасните песни на нашата голема музичка дива Каролина Гочева започна соработка со талентираната вевчанка Викторија Чочороска. Викторија ја отпеа прекрасната стара македонска песна “Jаворе” во аранжман на Николче Мицевски. Видеото на оваа песна е дело на Дарио Јанковиќ и “General film studio”.
Oва е прва соработка помеѓу Викторија Чочороска и Никола Мицевски и е само почеток на една убава музичка приказна која ќе има и нови продолженија.



