“Ние како екипа се надеваме на финале, зошто да не и титула затоа што мислам дека сме најквалитетна екипа на овој турнир. Тоа го покажавме во изминатата сезона, покажавме дека знаеме и дека можеме да играме модерен ракомет со пласманот на “фајнл-фор” во сите три категории. Да бидам оптимист се надевам на победа и во полуфиналето и во финалето, затоа што и тоа го заслужуваме” – изјави еден од помладите ракометари Борче Христоски пред утрешниот Final4 турнир за кадети на кој е домаќин КЛ7-Струга. 



