Ново поглавје се испиша низ страниците на историјата на 3х3. На 3-ти јуни беше одржан првиот официјален тренинг на сениорската репрезентација 3х3 која кон крајот на овој месец ќе земе учество во квалификациски турнир за Европскиот Куп.
Момците и девојките наутро тренираат со Жарко Батиќ додека во попладневните часови тренираат во спортска сала.
Владимир Кузмановски, Петар Петровски, Петар Бојовски и нашиот најдобро рангиран играч Ервин Цого ќе ги бранат боите на нашата република на 29. и на 30. јуни во Рига каде покрај домаќинот во машка конкуренција ќе настапат селекциите на Италија, Полска, Швајцарија, Словачка, Израел, Грција, Малта, Грузија и Црна Гора додека во женска конкуренција ќе настапат селекциите на Италија, Полска, Швајцарија, Словачка, Израел, Грција и Малта.
Нашата женска репрезентација ќе се комплетира на 20. јуни. Александра Стојановска, која е нашата најдобро рангирана во 3х3 ќе биде дел од националниот состав заедно со Софија Лазареска и Криси Гивенс.



