Спектакуларна вечер на ,,Ванда Метрополитано” и финалето од Лига шампиони помеѓу англиските гиганти Тотенхем и Ливерпул. Црвените од Енфилд долго време чекаа на европски трофеј и од искуство од минатото изгубено финале извлекоа поуки и вечерва стигнаа рутински до триумф над Тотенхем со 2:0.
Со головите на Салах од пенал во 2. минута кога судијата Скомина по дваесетина секунди игра досуди пенал по играње со рака на Сисоко, додека златната замена на Клоп, резервистот Дивок Ориги во 88 минута постигна гол за конечните 2:0 за сосема заслужен европски трофеј на фудбалерите на Ливерпул.



