И третиот полуфинален натпревар им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, кои славеа со резултат 87-77 против Гостивар, со што се пласираа во финалето од плеј-оф–разигрувањето со 3:0 во победи. Најефикасен кај МЗТ беше Иванов со 21 поен, а најдобар поединец беше Предраг Самарџиски со трипл-дабл ефект кој постигна 18 поени, 13 скока и 10 асистенции. Кај гостите најдобар беше Александар Костовски со 17 поени и 6 асистенции.
Актуелниот шампион Работнички брзо се созеде од убедливиот пораз во вториот натпревар со Блокотехна и пред своите навивачи триумфира со 91:73 и поведе со 2:1 во серијата кој прв до три победи. Најдобар во тимот на Работнички беше Чавдар Костов 19 поени и 12 скокови, додека Бобан Стајиќ и Ѓорѓи Чековски постигнаа по 18 поени. Во тимот на Блокотехна, најрасположен беше Брендон Пен со 23 поени.



