Драгонки играат во врвна форма и затоа оваа сезона се на праг да ја освојат двојната титула, а првата нивна цел ја остварија со освојувањето на Куп титулата на Македонија. Во Кочани на преубавиот стадион ЖФК Драгон дојде до триумф над ЖФК Тиверија со 3:1 и се израдуваа на пехарот, а до крај на сезона се блиску до освојување на двојната куп титула.
Во историјата ЖФК Драгон веќе ја има во своите витрини втората куп титула, а ако успеат да бидат на врвот на првенствената табела ќе стигнат до нова шампионска титула.



