“Неповторливата музичка икона Ѓоко Ѓорчев неодамна сними нова песна. Се работи за преработка на песната на Том Џонс “ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN”
Од неодамна македонскиот Том Џонс легендарниот Ѓоко Ѓорчев сними нова песна а деновиве можете истата да ја слушнете. Се работи за препев на една од најтешките песни испеани некогаш, “I LL NEVER FALL IN LOVE AGAIN” песна на Том Џонс за кого Ѓоко има високо мислење.
Со оваа песна буквално Ѓоко Ѓорчев ги помести границите и навистина е токму така како што ќе каже аранжерот на песната Владимир Дојчиновски “Ако некој праша што е музика? Тоа е ова што го слушате. Ако некој праша, што е тоа пеење со душа?
Тоа е ова што го слушате. А, ако Том Џонс би се поклонил на нешто, и тоа е ова што го слушате, маестралната изведба на Ѓоко Ѓорчев! Респект барба“. Сведоци сме деновиве како песната доживува “повторно раѓање” благодарение на неготинскиот шмекер кој и даде нов живот, многу чувства и љубов на песната.
Бројни пофалби пристигнуваат на адреса на Ѓоко од стручната музичка фела за изведбата на песната. Ѓоко Ѓорчев и неговиот тим успеаа да ја донесат песната на нашата публика на светски начин потпомогнато и со пратечкиот вокал на Сара Николовска.
Деновиве дознаваме дека ќе се снима и кавер верзија, а нашиот тим со нетрпение го чека крајниот резултат и не се сомнева дека песната ќе стане безвременски хит.



