понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

(Фото) Вардар го претстави новиот дрес за Келн

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 23, 2019
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Вардар на Ф4 турнирот во Велукс ЕХФ лигата на шампионите во Келн за првпат ќе настапи во дрес специјално дизајниран за црвено-црниот бренд.

За претстојниот настап на Вардар во Келн, на ракометниот Ф4 во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампиони екипата ќе настапи во посебно дизајнирани дресови. РК Вардар и Вардар Фаншоп во соработка со ракометарите и со Hummel подготвија ограничена серија на дресови што од денес се пушта во продажба во нашата фаншоп продавница и on-line на www.vardarfanshop.com.

Промоцијата на новиот дрес на РК Вардар, со кој тимот ќе настапи на двете средби во Келн на 1 и 2 јуни, се одржа во Фаншопот на Вардар што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански” во Скопје. Под мотото „Нов дрес, иста цел – победа во Келн” изгледот на новиот дрес го промовираа Мартин Поповски и Кристијан Дисингер.

За шесте години континуирано играње во ракометната елита на Европа, односно од сезоната 2013/ 2014 па досега, при што Вардар трипати по ред настапува во Топ-8 фазата на ЕХФ лигата на шампионите и на Ф4 турнирите, за првпат тимот ќе игра со дресови во чие создавање учествуваа и самите ракометари.

„Новиот дрес ги има неизбежните црвено – црните шари. Инспирацијата не беше тешко да се најде. Вардар постои од 1961 година и секогаш неговата приказна и љубовта за него се тесно преплетени со црвената и со мистично црната кои со децении им носат многу радост на верните поддржувачи на најголемиот спортски бренд во Македонија. Но, отидовме чекор понатаму, па со нов дизајн е и гостинскиот дрес, односно, белиот дрес. Во изработката на двата нови дресови се користени нови, модерни и поквалитетни материјали. Внимававме на тоа да излеземе во пресрет на потребите на ракометарите, да придонесеме и од наша страна за тие да се чувствуваат комотно и лесно, и да може да го дадат максимумот на теренот. За навивачите останува и понатаму можноста секој што сака да го има овој дрес да може истиот да го персонализира, односно да го нарача со бројот на својот омилен играч, со сите спонзори, или да го направи според сопствениот вкус и желба. Горди сме да изјавиме дека дресовите на Вардар досега се продадени и испорачани буквално на сите континенти и на преку 20.000 горди сопственици и поддржувачи на ВАРДАР од сите возрасти и земји од целиот свет”, изјави Благоја Трифунов, раководителот на Фаншоп продавницата на Вардар.

Новите дресови со промотивна цена oд 2.490,00 ден се достапни во традиционалните, црвено и црна боја што е „домашен дрес” за настап кога вардарци се домаќини, и во белата боја, коишто се гостински дресови.

Еден живот, една љубов, Вардар!

ShareTweet
Претходна вест

Јулијана Дамчевска го објави списокот за младата репрезентација

Следна вест

Кире Лазаров – Го викаат ракометниот Меси, човекот со преку 50 трофеи во кариерата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Кире Лазаров - Го викаат ракометниот Меси, човекот со преку 50 трофеи во кариерата

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.