Сјајниот македонец неодамна наполни 39, но сепак сеуште важи за еден од најдобрите во светот. По седум години во Шпанија, во 2017 година, тој се пресели во Франција, во тимот на Нант и уште после првата сезона тој стана вице-шампион на Европа. Неодамна Нант беше елиминиран од Барселона во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но Лазаров рече дека очекувал мал пад. “Минатогодишната сезона беше како бајка за Нант, никој не очекуваше или не сонуваше за такво нешто”. За мене се очекуваше дека ќе има мал пад, ако така може да се нарече пласманот помеѓу првите осум тимови во Европа. Не е срамота да се испадне од Барселона која оваа година игра одличен ракомет. Комплетното интервју на Кирил Лазаров за „Независне” можете да го прочитате на следниот ЛИНК.



