Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев вечерва од 18:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ го одиграа 27-то финале од Купот на Македонија.
Откако мечот во регуларните 90 минути игра заврши со резултат 2-2, се играа две продолженија од по 15 минути, но и во тој период резултатот остана непроменет, при што се премина на удари од белата точка. Во пенал-рулетот голманот на Академија Пандев одбрани два удари и со 4-2 стигнаа до Прва титула во историјата во Купот на Македонија.



