Тимот на РК Струга потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Вардар Јуниор со 28:30. Во првиот дел Струга добро го отвори мечот и на полувреме замина со предност од 10:13. Во вториот дел домаќините заиграа подобро и неколку пати успеваа и да израмнат 21:21, 25:25, 27:27 за на крај сепак да пресуди искуството на гостите кои успеаја да слават победа со 28:30. Најефикасни кај победникот беа Тренчевски и Костески Ненад со по 7, Цветан Кузманоски со 6 и Богдан Николиќ со 4 голови. Кај Вардар Јуниор се истакнаа Кукуловски и Крстевски со по 6 погодоци.

ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА 28:30 (полувреме 10:13)
ВАРДАР ЈУНИОР: Петковски, Ставровски, Јанковски, Чакалиќ 1, Кукуловски 6, Нанов, Карапалевски 1, Ќосевски 5, Анѓелковски, Гашовски, Крстевски 6, Трајковски, Анѓеловски, Ѓоргиев 5, Атанасовски 3, Цветановски 1.
СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Тутенкоски, Кузманоски 6, Крстаноски, Нацев, Тренчески 7, Цителишвили 1, Јанкуловски 2, Николиќ 4, Костески 7, Трајковски, Бајрамоски, Баркалоски 1, Дикаминџија 2.



