Ракометарите на Вардар продолжија да ги играат многубројните натпреварите од македонската Супер лига, и на гостински терен го совладаа Пелистер со 24:31. Домаќинот одигра добро во првото полувреме и на одмор замина со минимално водство од 15:14.
Вардар наредниот меч го игра против Бутел во сабота, а на 21 мај ќе се пресмета со Еурофарм Работник меч на кој може да ја потврди титулата во домашниот шампионат.
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 24:31(полувреме 15:14)
Пелистер: Ристевски, Маџовски 1, Поповиќ 5, Димитровски 4, Апостоловски, Јовановски, Димитровски 1 , Кобетиќ 1, Стоилевски 2, Плех, Табангует 6, Дрогришки 3, Ивановски 1.
Вардар: Стоилов 1, Недановски, Поповски 11, Кристопанс, Мораеш 1, Карачиќ 5, Калараш, Гедбане, Чакалиќ, Дибиров 4, Војводиќ 3, Кисељов 3, Мишевски 1, Калајџиевски, Милосављев.



