Голем број европски клубови се интересираат за Пауло Дибала, а се шпекулира дека би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, но сега кога „ѓаволите“ останаа без место во Лига Шампиони, се чини таа опција пропаѓа.
Германските медиуми пишуваат дека Дибала е мета на Баерн Минхен. Тренерот Ковач би сакал да го види напаѓачот на „Алијанц арена“, а челниците на клубот веруваат дека можат аргентинецот да го доведат за сума не поголема од 80 милиони евра, но ,,Старата дама” најавува дека не би го продала за помалку од 100 милиони евра.



