Тимот на Интер сака да ја врати титулата во Серија А и да ја прекине доминацијата на ,,Старата дама”, а за таа цел им се потребни засилувања. Прво големо засилување ,,нероаѕурите” ќе го имаат во името на хрватскиот репрезентативец и член на Барселона од средниот ред Иван Ракитиќ и сумата на трансферот ќе изнесува 50 милиони евра. Ракитиќ ќе има можност да игра во ист тим заедно со своите сонародници Вршаљко, Брозовиќ и Перишиќ.



