Во финалниот натпревар од Фајнал фор турнирот за пионерки во неизвесен и возбудлив меч Вардар дојде до победа од тесни 20:18 на полувреме 11:9 над Стружанка. Двете екипи прикажаа квалитетна игра и во двата табора има квалитетни и талентирани ракометарки и сосема заслужено ,,Црвено-црните”девојки дојдоа до шампионска титула.
Иако Стружанка загуби сепак Теодора Дукоска дојде до наградата до најдобар стрелец и најдобар десен бек, а Сара Калајџиевска е најдобра на позицијата лево крило. Во победничкиот табор најдобри поединки беа Стефановска Сара со 6 постигнати гола, додека во чекор ја следеше Коцева Бојана со 5 постигнати гола. Во тимот на Стружанка Затуроска Бојана беше најефикасна на натпреварот со 8 гола, а Теодора Дукоска имаше 7 и Голабоска Марија зад своето име запиша 3 гола.



