Во Будимпешта, престолнината на Унгарија од 21 Април до 28 Април се одржа светското првенство во пинг понг во поединечна конкуренција. На светското првенство учествуваше и нашата репрезентација со четворица натпреварувачи. Боите на репрезентативниот тим на Македонија ги бранеа, Кристијан Станојковски и Петар Костовски во машка конкуренција и Ива Димитриевска и Ана Стојановска во женска конкуренција.
На светскотo првенство нашите претставници ги изгубија сите натпревари и рано го завршија своето учество, што е добар показател дека пред пинг понгарската федерација и играчите претстои многу работа за да се фати приклучок, барем за почеток со балканските држави за во иднина нашите играчи да бидат порамноправни со нивните противници во почетните фази на големите европски и светски натпреварувања.
Сепак на светското првенство македонската федерација на дипломатски план забележа успех. На 23 април на годишното собрание на Медитеранската Пинг понг унија, нашата држава и асоцијација едногласно е примена како полноправна членка на ова унија.
Со тоа се отвора можност на нашите репрезентации секоја година да учествуваат на силни шампионати со квалитетни репрезентации од калибарот на Италија, Шпанија, Франција, Грција, Турција, итн.
Генарално на светското првенство, очекувано потврдена доминација на Кина. Изненадија елиминациите на првите двајца светски играчи Фан Жендонг и Ху Џин, Фан Жендонг беше поразен од сонародникот Лианг Јинку, иако пред светското првенство важеше за главен фаворит за освојување на светската титула, Додека поразот на Ху Џин, од французинот Симон Гаузи за прв пат после 16 години спречи кинеско финале, бидејќи кинескиот играч беше единствениот претставник на Кина во долната половина на ждребот.
Во финалето актуелниот светски првак Ма Лонг ја одбрани титулата и воедно стана првиот играч за три светски титули освоени една по друга. Ма Лонг во финалето беше подобар од швеѓанецот Фалк Матиас.
Ма Лонг се закити со титулата светски првак и во конкуренција на машки дубл заедно со сонародникот Ванг Чугин, победувајќи ги во финалето Јонеску Овидио од Романија и Роблес Алваро од Шпанија.
Во женска конкуренција детронизирана беше шампионката од 2017 година Динг Нинг која во полуфиналето беше поразена од Лиу Шивен иако имаше предност 0д 2:0. Лиу Шивен во финалето ја совлада Чен Менг.
Многу интесен натпревар се одигра во конкуренција на женски дублови, каде што Сун Јингша и Ванг Манју од Кина за противнички ги имаа јапонките Ито Мима и Хајата Хина. Јапонките ги добија првите два сета, но кинеските натпреварувачки не дозволија освојувач на златен медал да биде било која друга репрезентација освен Кина.
Во микс дубл, кинеските натпреварувачи Ху Џин и Лиу Шивен беа подобри од јапонскиот микс дубл Јошимура Махару и Ишикава Касум. Следното светско првенство во поединачна конкуренција ќе се одржи во 2021 година во Хјустон, САД,.



