Ракометните ,,Титани” Барселона и Веспрем со победи на домашен терен го заверија пласманот на Фајнал форот во Келн и помеѓу овие две екипи ќе се бара новиот европски владател. Веспрем на домашен терен славеше над Флензбург со резултат од 29:25 додека каталонците во Блауграна го совладаа Нант со резултат од 29:26.



