Првата екипа на ЖКК Струга 2009 загуби на домашен терен од екипата на Бадел 1862. Струшките кошаркарки беа ослабени бидејќи во екипата не беа старните плејмејкери Тања Стојановска и Наталија Белеска и нивното отсуство беше хендикеп да се дојде до поволен резулат против актуелниот шампион ЖКК Бадел. Натпреварот заврши со резултат од 45-65 во полза на баделки по четвртини (06:15; 11:19; 12:17 и 16:14).
Стрелци во тимот на ЖКК Струга 2009: Шеќероска А. 14 поени, Устијаноска М. 13п, Столевска М. 6п, Чочороска Р. 5п, Чолакоска И. 4п, Укоска Р. 2п и Модева Г. 1 поен. Во победничката екипа најдобра беше Адамовска со 18 поени зад своето име.
М-16 екипата на ЖКК Струга 2009 останува непоразена и по одиграното 12-то коло во лигата. Струшките талентирани кошаркарки им го задоа скалпот на баделки со триумф изразен во резултат од 60:52 по четвртини (11:07, 17:10, 15:16 и 17:19).
Стрелци во тимот на ЖКК Струга 2009 во М-16 конкуренција: Модева Г. 16 поени, Укоска Р. 15п, Чолакоска И. 10п, Вељаноска М. 9п, Пешиноска Е. 4п, Зенку Е. 2п, Белеска А. 2п и Филоска М. 2 поени. Кај гостинските кошаркарки најдобра беше Блажевска со 23 постигнати поени.



