ФК Струга Трим Љум под ,,Тумбе кафе” во Битола одигра реми од 1:1 и го завери пласманот во Прва македонска фудбалска лига на три кола до крајот со +10 бода предност каде што го искористи киксот на Лабуништа и нивното реми од 2:2 против Гостивар на гости.
Стружани направија историски успех и на Струга од вгодина ќе и овозможат да гледа елитен прволигашки фудбал. Во овој езерски град кој има долга спортска традиција и голем број на истакнати фудбалски репрезентативци ќе биде освежување во новиот фудбалски шампионат.



