Македонскиот фудбалски интернационалец Кире Маркоски постигна два гола за Спартак Трнава во финалето на Купот на Словачка. Спартак Трнава поведе со 3-0, а Кире Маркоски беше стрелец во 45-та и во 48-та минута од натпреварот.
Жилина израмни на 3-3 , а потоа по продолженијата во кои немаше победник се пристапи кон изведување на удари од белата точка. Спартак Трнава славеше со 4-1 и го освои Купот на Словачка.



