Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски ќе игра финале во Челинџ Купот, откако неговиот тим ЦСМ Букурешт на домашен терен го совлада Санкт Петерсбург со 25:20 (полувреме 15:11) и ја задржаа предноста од два гола од првиот меч. Георгиевски на оваа средба постигна 1 погодок. Во финалето тие ќе играат против Мадеира од Португалија кои го победија АЕК од Атина во второто полуфинале.



