Хувентуд за кој настапува нашиот кошаркар Ненад Димитријевиќ направи сензација во Шпанија откако ја совлада Барселона со убедливи 89-77. Димитријевиќ на паркетот помина 11 минути за кои одигра без грешка и постигна 8 поени без промашување (3/3 за еден поен, 1/1 за два, 1/1 за три поени) и имаше уште 2 асистенции.



