вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

“Никој не смее да го руши и омаловажува името на ЖРК Стружанка”

Официјално соопштение на управниот одбор на ЖРК Стружанка :

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 23, 2019
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

 

Не смее никој да го до руши и омаловажува името на ЖРК  “ Стружанка “ , ниту на успехот на ракометарките ниту на официјалните лица, а најмалку да ја провоцира и навредува струшката публика и официјалните лица, а ниту пак да ги пцуе, навредува или заканува со линч, па макар тоа биле судии или делегати. Здружението Градски Женски ракометен клуб ‘’ Стружанка ‘’ Струга оваа година слави 45 години официјално регистрирано постоење ( иако женскиот ракомет е од поодамна донесен и се играл во Струга ) и тоа без ниеден ден, месец или година прекин т . е 45 години постојано се натпреварува во официјални лиги. За тој период направени се многу успеси како на Републичко така и на Меѓународно / Европско ниво  со голем број на репрезентативки. Во моментов брои околу 150 членови ракометарки и во последната натпреварувачка година се натпреварува во 3 категории : сениорска, младинска и пионерска конкуренција и ќе одигра 60 званични првенствени натпревари ( 30 во сениорска, 18 во младинска и 12 во пионерска конкуренција ).

Можеби во моментов е ,, најсиромашниот ,,  клуб во државава и со најаматерска екипа, но успехот кажува друго.  Велиме најсиромашна екипа бидејќи клубот веќе триесетина години го помага, води и финансира еден човек заедно со членарината на поеднини ракометарки во последниве години, а од Општината последната помош со молење за минатата година беше 30.000,оо денари. За оваа година се уште не се знае дали и колку ќе добие или ако некого го интересира подетално за последниве  дваесетина години во просек по три евра месечно.

Велиме ,, најаматерски ,, бидејќи ниеден играч не е на ,, платен список  ,, т. е играат без никаква надокнада, од љубов, дури некои плаќаат и членарина. Не сакаме во Струга да доаѓаат судии кои ќе ја провоцираат и навредуваат нашата публика, ниту нашите официјални лица и до тој степен да се алчни за пари што на овој клуб ќе му наплатуваат на дупло патни трошкови бидејќи во исти ден судат два натпревари па кај двата клуба наплатуваат.

Истото важи и за делегати. Треба да си наплатат како што е во пропозиции. Не сакаме помош од судиите, но не сакаме да судат против нас и да прават математики во интерес на ,, Нивниот клуб ,, бидејќи Струга го знае ракометот и правилата и пропозициите на ракометната игра. Секоја чест на одредени судии и делегати кои секогаш 45 г. биле пречекани, примени и испратени како што треба.

Не сме во можност на неправедни судии после натпревар да ги испратиме коректно или во придружба на полиција, а тие биле претходно некоректни. ЖРК ,, Стружанка ,, има одлични односи со сите клубови во Републиката и со никого не се замерила, дури секогаш помагала со отстапување на свои играчи без никаква надокнада ниту обесштетување ( така имаше пуштено играчи во: Вардар, Металург каде и сега има 5 ракометарки од нашата школа, а имаше и во Пелистер, Прилеп, Кичево и др. )

Од сите овие претходно изјавени работи како и од ред други, Претседателот на клубот после повеќе од  триесет години на чело на клубот најави свое повлекување од неговата функција на крајот на оваа натпреварувачка година. Мора да нагласиме дека Нашиот клуб е отворен за сите. Во него членуваат ракометарки од сите националности, успесите се видливи, но не сакаме никој да ни ги крои плановите, ние не водиме политика, ние само воспитуваме деца. Ги учиме како да играат ракомет и како да прават успеси, да се социјализираат и да не се ,,уличарки ,, туку здрави и културни.“

 

ShareTweet
Претходна вест

Гледајте во живо: ЕУРОФАРМ – ПРОЛЕТ

Следна вест

Еурофарм лесно го совлада Пролет

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Еурофарм лесно го совлада Пролет

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.