Во петокот во Охрид се одигра натпреварот од пионерската лига жени помеѓу екипите на САНИ 14 и ЖРК Стружанка кој заврши со поделба на бодовите и конечен резултат 17:17 (полувреме 8:10). Стрелци во тимот на Стружанка беа: Дукоска Теодора 6, Затуроска Бојана 5, Калајџиевска Сара 3, Переска Тијана 2, Ѓоршулеска Роберта 1. Во тимот на САНИ 14 најпрецизни беа Нестороска Нена со 6 и Јовеска Сања со 5 голови.



