Манчестер Сити и Тотенхем одиграа фантастично четвртфинале во кое славеше домаќинот со 4:3. Меѓутоа на крајот се радуваше Тотенхем на пласман во полуфинале бидејќи на првиот меч победи со 1:0. Во екипата на Манчестер Сити Стерлинг постигна два гола, по еднаш прецизни беа Бернардо Силва и Агуеро. Во тимот на Тотенхем , Сон постигна два гола пред погодокот на Љоренте кој се покажа како решавачки.
Во вториот натпревар вечерва Ливерпул против Порто не дозволи изненадување и на гости славеше со високи 1:4. Стрелци на головите за Ливерпул беа Мане, Салах, Фирмињо и Ван Дајк, додека единствениот гол за Порто го постигна Едер Милитао.



