Ајакс со 1-2 го победи Јувентус во Торино и направи ново големо изненадување во Лигата на шампионите и се пласира во полуфиналето.
Натпреварот почна добро за Јувентус, со гол на Кристијано Роналдо во 28-та минута за водство од 1-0, но брзо потоа Ван де Бек го изедначи резултатот на 1-1. Во второто полувреме следевме доминација на Ајакс која беше крунисана со гол во 67.-та минута преку Де Лихт.



