Љубовта на Јоана кон гимнастиката започнала уште кога имала 9 години. По Втората светска војна, гимнастиката била забранета па Јоана се префрлила на ракомет и со својот тим го освоила првенството во Источна Германија во 1954 година. Иако после тоа се венчала и родила три ќерки, но ништо од тоа не ја оддалечило од гимнастиката.
Супер бабичката има освоено многу медали во гимнастика, но вели дека е најгорда на денот кога успеала да победи на гимнастичарски натпревар на 84 години, и тоа во категорија во која останатите натпреварувачки биле на возраст од 70 до 75 години.



