понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#484 – Ритуали

Сите ние имаме ритуали и секој од нас посебно се носи со тие ритуали. Некој од сабајле сака да си пие кафе дома на мира, пополека да се подготвува, одговара на пораки и што сè не, па да дојде подоцна на договорено место...

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 10, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Сите ние имаме ритуали и секој од нас посебно се носи со тие ритуали.
Некој од сабајле сака да си пие кафе дома на мира, пополека да се подготвува, одговара на пораки и што сè не, па да дојде подоцна на договорено место…
Некои, пак, си имаат своја патека на движење…
Некои тимови, пред да излезат на терен, имаат ритуал на заедничко пеење песна или молитва…
Додека некои имаат сосема поинакви ритуали…
Си ги нарекуваме ритуали, а всушност се некој вид на верувања или суеверија… Но, како и да ги нарекуваме, не е проблемот што си имаме некакви ритуали кои ги правиме секојдневно туку проблемот е што ако не ги исполниме ритуалите, тогаш веднаш помислуваме дека нешто неубаво ќе ни се случи. Претпоставувам дека сте свесни дека доколку не ги исполните ритуалите дека ќе ви се случи нешто лошо, туку тие можат да бидат и продуктивни и да придонесат кон подобрување на атмосферата. Па затоа, ајде да ги свртиме во позитивна насока. Еве, ако зборуваме за на работа, постојат неколку ритуали кои можат да придонесат кон подобрување на атмосферата, тимот, но и ефективноста на сите:
  • Ритуали за градење на односи:
– Добредојде за нови вработени – направете го првиот ден или првата недела на новиот колега незаборавен. Тоа нека биде ритуал кој ќе се применува и ќе се пренесува од колено на колено (што се вели), па стариот колега (или цел тим) ќе треба да го израдува новодојдениот.
– Распоред на неделни, месечни или тримесечни тимски настани – планирајте редовни времиња за да се дружите и да разговарате со тимот. Ова може да биде за време на оброк, забавна активност надвор од работата…
– Родендени и годишнини – немојте да ги заборавате и задолжително да ги прославувате. Може да биде и како еден вид дружба на сите во тимот, а може и да биде и на забавен и необичен начин (чисто да се направи некоја промена во секојдневието).
  • Ритуали за прославување на успех:
– На крајот на проектот, крајот на месецот, потпишан договор, важен пресврт, прославувајте со тимот.
– Работник на неделата, месецот или на годината е убав настан за мотивирање на вработените.
  • Ритуали кои промовираат развој:
– Неуспеси и научените лекции – од секој неуспех извадете научени лекции со тоа што ќе го искомуницирате со сите во тимот, ќе го деперсонализирате истиот, ќе потенцирате што било добро, а што лошо и како може да бидеме подобри за следниот пат.
– Микроработилници – планирајте редовни микросесии за учење. Побарајте од членовите на тимот да ги споделат своите вештини и таленти или да донесат специјалисти за да споделат теми од интерес. Нека бидат во некоја забавна атмосфера, во текот на работното време!
Направете ритуали од кои ќе имате бенефит, а не само пречки во понатамошниот ваш напредок и развој.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Maртинијан со прекрасна изведба на “Цесарица” и „Волим осмех твој

Следна вест

(Видео) Тренирајте во април со фитнес тренерот Ана Стојанова

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) Тренирајте во април со фитнес тренерот Ана Стојанова

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.