Кошаркарите од НБА-лигата учествуваа во анонимна анкета и го избраа Мајкл Џордан за најдобар во историјата на најсилната лига во светот НБА. На анкетата гласаа 120 кошаркари, а големиот Мајкл Џордан доби 73% од гласовите, Леброн Џејмс е втор со 11,9%, трет е Коби Брајант со 10,6%.



