Спектакуларен натпревар во турската прва лига каде што на гостувањето кај Ризеспор, тимот на Бешикташ дојде до гостински триумф од 2:7. Највозбудлив и најзанимлив момент се случи при постигнувањето на голот на Јалчин за 2:6 кога поради силината на неговиот удар успеа да ја скине противничката мрежа при постигнувањето на голот.
Во прв момент главниот судија го поништи погодокот, мислејќи дека топката заврши надвор од рамките на голот, но по прегледување на ВАР-системот утврди дека се е регуларно и ја промени својата првична одлука. Во прилог и видео од целата ситуација:
Güven Yalçın ağları deldi dkfjkjkgjj pic.twitter.com/tzli9etNbL
— GOLALOO (@golaloo) April 8, 2019



