Отворање на 1/4 финалните дуели од најелитното европско клупско натпреварување и тоа на задоволство на сите неутрални љубители на фудбалот, затоа што во Лондон на новиот стадион, тимот на Тотенхем го пречекува Манчестер Сити кој е лидер во Премиер лигата.
Покетино и Гвардиола ќе имаат напаѓачко надмудрување, бидејќи двајцата менаџери форсираат офанзивна игра. Идентично за двете екипи е тоа што ги елиминираа своите бундеслигашки соперници, односно Спарси ги елиминираа на Борусија Дортмунд, додека Ѓраѓаните беа поуспешни од Шалке 04.
Во вториот вечерашен дуел ќе се сретнат на ,,Енфилд Роуд”, тимовите на Ливерпул и Порто. Во претходната фаза црвените од Енфилд го елиминираа еден од претендентите за освојување на тронот, тимот на Баерн Минхен, а Порто во двомечот против Рома беше подобриот тим.
Лига шампиони1/4 финале први средби:
Тотенхем – Манчестер Сити
Ливерпул – Порто.



