Струшките кошаркарки забележаа два триумфи претстојниов викенд во М-18 и М-16 конкуренција. ЖКК Струга на домашен терен во М-18 дојде до триумф од + 20 разлика против ЖКК Вардар со резултат од 69:49 по четвртини (14:16; 15:06; 21:15 и 19:12).
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009 (М-18): Г. Модева 23 поени, Р. Укоска 17, М. Устијаноска 13, Р. Чочороска 7, Е. Пешиноска 5, М. Велјаноска 2, А. Белеска 2, М. Хани, К. Бицеска, Е. Зенку, М. Филоска и С. Шулеска. Кај скопската гостинска екипа најефикасна беше Стојановска со 26 поени зад своето име. Струга во М-18 останува и понатаму лидер на табелата.
На гостински терен во Кавадарци кошаркарките од Струга забележаа нова победа овој пат против ЖКК Пробаскет Академија со краен резултат од 23:61 по четвртини (11:17; 03:15; 04:14 и 05:15). Најефикасна во победничкиот табор беше Модева со 29 постигнати поени.
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009 (М-16): Г. Модева 29 поени, Е. Пешиноска 12, М. Велјаноска 11, А. Белеска 4, И. Чолакоска 2, Р. Укоска 1, К. Бицеска, К. Модева и С. Шулеска. Во домашната екипа на Пробаскет најдобра беше Сојилкова со 10 постигнати поени. Следна активност на ЖКК Струга е купот на Македонија кој се игра во Гевгелија, а стружанки ќе се соочаат против ЖКК Бадел 1862 во сабота во 12.00 часот.



