Александар и Биљана Кираџиеви на вчерашниот маратон во Хановер истрчаа одлична трка и дома се враќаат со нови лични рекорди.
Александар, маратонот го истрча за време од 2:37.55, додека Биљана финишираше за 3:01.08. И двата резултата се втори најдобри времиња во Македонија во маратон, веднаш зад македонските рекорди во оваа дисциплина, во машка и женска конкуренција.



