Горан Пандев најдобриот македонски фудбалер се најде во стартниот тим на Џенова на гостувањето во Наполи. Домашните фудбалери имаа водство од 1:0 со голот на Мертенс, а во текот на првото полувреме, џеновјани заработија исклучување поради груб старт на Стураро врз Алан.
Сепак во судиското продолжение Горан Пандев ја покажа сета своја класа и фудбалско знаење па со асистенција до Лазовиќ за израмнувачки гол во првите 45 минути. Во прилог и видео од фантастичната асистенција на Пандев:



