Пионерките на Стружанка со победата денес против тимот на Феникс од 21:18 (полувреме 10:8) успеаја на три кола до крајот да се пласираат на FINAL 4. Девојчињата предводени од тренерот Владимир Паноски поведоа уште на самиот старт со 6:2 и таа предност успешно ја чуваа до самиот крај. Стрелци за Стружанка денес беа: Дукоска Теодора 8, Голабоска Марија 5, Переска Тијана 3, Затуроска Бојана 3 и Ѓоршулеска Роберта 2. Во тимот на Феникс најефикасна беше Ризоска Емилијана со 7.



