ЖРК Стружанка загуби дома во против тимот на ЖРК Вардар со 24:34 (полувреме 8:19) првпат годинава после цели 7 месеци во Првата женска лига. Ослабените домаќини поради неиграњето на две од носителките на играта Ивана Затуроска и Бојана Јованоска се бореа колку што можеа, но реално немаа шанси против одличниот тим на Вардар денес. Стрелци за тимот на Стружанка денес беа Маркоска 7, Дурацоска 6, Делиоска 5, Јовичанац 4 и Петреска 2. На голот стандардно добра беше Митоска. Во тимот на Вардар блескаше Ивона Трпевска со дури 11 голови.



